Која е „тајната“ и сурова страна на професиите кои ние ги гледаме низ „розови очила“?

Мислите дека на докторите им е лесно и се навикнати да носат ракавици по 10 часа? Лесно ви е да оставите ѓубре зад себе во кино, но сте помислиле ли што значи тоа за оној кој треба да ја исчисти салата од која си заминале 100 луѓе како вас?

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-01.jpg

Сте помислиле ли некогаш како изгледаат рацете на вредните луѓе кои чистат влезови/болници или секојдневно ги чистат улиците, независно од ниските температури, за кои многумина најчесто би рекле „па тоа им е работа“ и би ги одминале?

Секоја професија има своја скриена, сурова страна зад „совршениот“ приказ кој многумина го гледаат коментирајќи „па ти ништо не работиш, тоа ли е тешко, епа за тоа си учел“...

Луѓето понекогаш знаат да бидат толку себични и самобендисани што никогаш не одат чекор подалеку за вистински да ја сфатат тешкотијата од секоја професија, независно колку на прв поглед личи лесно, едноставно или нормално.

За таа цел, корисници на Reddit, ги освестуваат сите оние кои никогаш не се ставиле во туѓи чевли и ги гледаат професиите низ розови очила.

Скриената страна на различни професии:

Вака изгледа рака на доктор по 10 часа носење заштитно одело и ракавици

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-02.jpgфото извор

Вработени во пицерија преморени на крајот од смената во која се продала цела храна за само 4 часа

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-03.jpg

„Група тинејџери дојдоа и го уништија киното. Нормално, јас морав да ја чистам салата“

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-04.jpg

„Почитувајте ја работата на хигиеничарите. Не сме направени од железо. Ова е мојата рака по 4 часа работа на дожд и ладно“

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-05.jpg

„Работам во хотел и отидов да проверам една соба дали по грешка е пријавена за неисчистена. Го начекав ова...“

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-06.jpg

„Ваква тоалет хартија има во работата во која што работам“

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-07.jpg

„Мојот другар Мајк е стоматолог за животни. Понекогаш работи во устата на лавовите...“

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-08.jpg

„Мајка ми работи во Амазон. Ми испрати фотографија од камионот што го натоварила со нарачки“

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-09.jpg

„Работам во кол-центар. Кога ќе ми се јават безобразни луѓе, си замислувам како изгледаат и ги цртам. Ова е Лорен, која ми се јави денес“

Во балончето пишува: „Имам едно прашање, но ќе те надгласувам секојпат кога ти ќе пробуваш да ми одговориш“

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-10.jpg

„Ставам етикети и налепници на кутии – со левата рака ги држам, а ги лепам со десната. Еве како изгледаат моите чисти раце...“

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-11.jpg

Како изгледаат стапалата на балерина:

koja-e-tajnata-i-surova-strana-na-profesiite-koi-nie-gi-gledame-niz-rozovi-ochila-13.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Улични продавачи, џиновски стаорци – Сликите од Њујорк што ретко се објавуваат во јавност Улични продавачи, џиновски стаорци, вреќи со ѓубре на тротоарите... Фотки што по...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg