Совети и трикови за справување со луѓето кои ве потценуваат и навредуваат

Дури и да сте најдобрата и најкултурната личност на светот, секогаш ќе има некој што ќе ве потценува и ќе се обиде да ве навреди со некој коментар. Како да изреагирате во вакви ситуации?

soveti-i-trikovi-za-spravuvanje-so-lugjeto-koi-ve-potcenuvaat-i-navreduvaat01.jpg

Во овие моменти нормално е да почувствувате гнев и да посакате да ѝ „вратите“ на личноста, но со ова само ќе го направите конфликтот поголем и сигурно нема да се чувствувате подобро.

Наместо тоа, многу подобро е да искористите некој трик со кој суптилно ќе ѝ покажете на личноста дека не ви е грижа за нејзиното мислење, а истовремено нема да се чувствувате лошо поради недоличниот коментар.

Погледнете неколку совети и трикови што ќе ви се најдат во ваквите ситуации:

Немојте веднаш да реагирате бурно

Кога некој ќе ве навреди, веројатно првиот инстинкт ви е да се одбраните, но ова само ќе ве направи гневни, може да ве натера да кажете нешто за коешто ќе зажалите, а и ќе му покаже на соговорникот дека си ја постигнал целта.

Наместо тоа, помислете дека навредата или лошата замерка е најверојатно поради љубомора и не дозволувајте да ви го расипе расположението.

02.jpg

Не се вклучувајте во разговорот

Некогаш луѓето несвесно навредуваат бидејќи не ни помислуваат какво влијание ќе имаат нивните зборови. Во овие ситуации обидете се да сфатите дека тоа е само мислење на соговорникот, нема врска со вас и нема потреба да дискутирате на таа тема.

soveti-i-trikovi-za-spravuvanje-so-lugjeto-koi-ve-potcenuvaat-i-navreduvaat-03.jpg

Направете кратка пауза

Ако забележите дека станувате многу гневни поради нечиј лош коментар, подобро напуштете ја просторијата за да се смирите пред да кажете што било.

Во повеќето случаи, доволно ќе ви бидат 5-10 минути за да се справите со гневот и да го избегнете конфликтот.

soveti-i-trikovi-za-spravuvanje-so-lugjeto-koi-ve-potcenuvaat-i-navreduvaat-04.jpg

Прифатете го или одбијте го лошиот коментар на шеговит и пријателски начин

Наместо да се лутите за нечиј лош коментар, можете да го одбиете или да го прифатите на пријателски начин и да го избегнете конфликтот.

Ако го прифаќате, само кажете му на соговорникот дека е во право и насмевнете се. Ако не го прифаќате, со насмевка кажете дека не се согласувате, но и дека не ви е грижа за неговото мислење.

soveti-i-trikovi-za-spravuvanje-so-lugjeto-koi-ve-potcenuvaat-i-navreduvaat-05.jpg

Побарајте објаснување

Ако некој ве критикува за изгледот или што било друго, прашајте го зошто го прави тоа. Ако, на пример, некој ви рече дека не му се допаѓа вашата фризура, прашајте го зошто го мисли тоа.

Во повеќето случаи соговорникот нема да го очекува прашањето и нема да знае што да ви одговори, а ова ќе ви биде можност да ја смените насоката на разговорот.

soveti-i-trikovi-za-spravuvanje-so-lugjeto-koi-ve-potcenuvaat-i-navreduvaat-06.jpg

Игнорирајте ја личноста што ве навредува

Во некои ситуации, најдоброто нешто што можете да го направите за себе е целосно да ја игнорирате личноста што ве навредува.

Можете да ја игнорирате само навредата и да ја промените темата на разговор, или целосно да ја игнорирате личноста и да ја напуштите просторијата.

Не заборавајте дека не сте должни да одговарате на сите коментари.

soveti-i-trikovi-za-spravuvanje-so-lugjeto-koi-ve-potcenuvaat-i-navreduvaat-07.jpg

Дистанцирајте се

Некогаш луѓето намерно бараат конфликт, а вие не можете да направите ништо во врска со тоа.

Ако забележите дека некој намерно ве провоцира за да почне караница, едноставно игнорирајте ги провокациите и дистанцирајте се.

soveti-i-trikovi-za-spravuvanje-so-lugjeto-koi-ve-potcenuvaat-i-navreduvaat-009.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
5 работи што не треба да ѝ ги кажете на личноста што има анксиозност (и како да ја утешите) „Ајде собери се“, „Ќе се снајдеш“... Ова се некои од фразите што треба да ги исф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg