51 година подоцна: Парот од омотот на Вудсток е сè уште заедно (фото)

Кога Ник и Боби Ерколин отпатувале на Вудсток во 1969 година, немале идеја дека ќе станат една од најпопуларните двојки на хипи генерацијата.

51-godina-podocna-parot-od-omotot-na-vudstok-e-se-uste-zaedno-foto-01.jpg

Биле само двајца вљубени млади. Но, еден од нивните моменти каде разменуваат нежности бил успешно „фатен“ со апарат и тие завршуваат како омот на албумот од фестивалот.

51 година подоцна, Ник и Боби се сè уште вљубени.

51-godina-podocna-parot-od-omotot-na-vudstok-e-se-uste-zaedno-foto-02.jpg

Вудсток е еден од најлегендарните музички настани на сите времиња кој траел од 15ти до 18ти август 1969 година. Настапиле импресивни музички таленти како Santana, Richie Havens, The Who, Janis Joplin, Jimi Hendrix.

Иако бил планиран и очекувале публика од околу 150.000 посетители, на крајот завршиле со посетеност од преку 400.000.

Во тој период оваа млада двојка биле заедно само два месеци, па сметале дека фестивалот ќе биде добра можност за кул состанок и време поминато заедно.

Иако комплетната организација воопшто не била на ниво, сепак тие велат дека посетата навистина вредела и искуството било незаборавно.

„Имаше недостиг на вода. Храната беше распродадена во петокот вечерта. Времето беше ужасно. А, сепак, 450.000 луѓе беа собрани на едно место и не беше забележан ниту еден инцидент! Тоа беше навистина неверојатно. Светот има потреба од почест Вудсток.“

51-godina-podocna-parot-od-omotot-na-vudstok-e-se-uste-zaedno-foto-08.jpg

„Сликата е веројатно направена едно утро, изгледа како само што сме се разбудиле... “ – изјавил Ник пред неколку децении. „Искрено, не се сеќавам дека некој нè фотографирал.“

Фотографот Burk Uzzle изјавил дека јасно се сеќава на моментот: „Во позадина настапуваше Gracie Slick од Jefferson Airplane кога посетителите почнаа полека да се будат. И некако магично, овој пар застана и се прегрна. Се бакнаа, разменија насмевка и се прегрнаа. Го искористив моментот.“

Боби и Ник се венчале две години по Вудсток, во 1971 година. Таа работела како медицинска сестра, а тој како столар. Имаат две деца.

51-godina-podocna-parot-od-omotot-na-vudstok-e-se-uste-zaedno-foto-03.jpg

„Ние всушност не бев вистински хипици. Боби беше само една девојка од село, а јас студент кој работеше две работи паралелно за да преживее“ – изјавил Ник кога на 20 годишнината од фестивалот ги побарале од списанието Life за интервју и верува дека многу фанови заради ова и биле разочарани.

Извор

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Фото-докази дека некои луѓе имаат неверојатна среќа во животот „Мајка ми си ја најде изгубената мачка после 1 година“. „Потсетување секога...
13 иритантни работи со кои мажите ги вадат од такт своите сопруги „Маж ми си ги чува носените чорапи, расфрлени среде дневна и спална соба, не му ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg