7 работи кои се прават во недела, за да не го мразите понеделникот
Ако до сега неделите ви беа резервирани за долги и исцрпувачки ручеци во комбинација со филмски маратони, можеби затоа и го мразите следниот ден.
Понеделниците ќе ви бидат многу полесни ако ги промените викенд навиките, почно работите кои ги правите во недела.
1. Гледајте ја неделата како прв ден во неделата, наместо како последен. Искористете ја за подготовки и олеснување на понеделникот.
2. Размислете за планот на исхрана во наредната недела. Најдете нови, интересни рецепти кои едвај ќе чекате да ги испробате.
3. Бидете продуктивни и планирајте ги деновите. Не оставајте договорите да се таложат од ден на ден. Така ќе ви се таложат и ветувањата и изговорите зошто не сте ги одржале.
4. Јасно запишете ги приоритетите. Тоа може да биде работна задача или едноставна задача како „да одам кај родителите и да им посветам 1 час квалитетно време.“
5. Исчистете го мејлот, односно прочитајте ги мејловите кои се итни за да знаете што ве чека во текот на утрешниот ден.
6. Одвојте време за себе. Иако сме научени неделите да ги посветуваме на луѓето за кои инаку немаме време преку недела, сетете се дека и вие сте во нив.
7. Исчистете го просторот и подредете ги ситниците. Направете барем основно чистење од работите кои ги трупате преку недела.
М. Д. | Црнобело