Ејми Вајнхаус се плашела дека ќе умре на 27 години - морничави факти за Клубот 27

Веројатно досега сте слушнале за Клубот 27. Овој „клуб“ се однесува на група познати музичари, од кои сите починале на 27-годишна возраст.

ejmi-vajnhaus-se-plashela-deka-kje-umre-na-27-godini-mornichavi-fakti-za-klubot-27-01.jpg

„Членовите“ на клубот се музичари кои оставиле голем белег во музичката индустрија, но не го доживеале нивниот 28-ми роденден. Неретко, и нивната смрт е опкружена со многу мистерии.

Дел од најпознатите музичари кои спаѓаат во групата се Курт Кобејн, Ејми Вајнхаус, Џенис Џоплин, Џим Морисон и Џими Хендрикс.

Постојат многу морничави факти и мистерии во врска со Клубот 27, а во продолжение можете да дознаете за дел од нив:

1. Според Rolling Stones, во клубот се наоѓаат 71 позната личност, заклучно со 2018-та година.

2. Оригиналното име на клубот е всушност Club Forever 27, односно Клуб засекогаш 27.

3. За оваа чудна појава, наводно постои и астролошко објаснување. Имено, кога некој ќе наполни 27 години, Месечината и Сатурн се на истата положба како и на денот на неговото раѓање.

Според астролозите, ова може да предизвика разни емотивни проблеми. Многу фанови сметаат дека ова е причината што ѕвездите имаат емотивни и психички проблеми, вклучувајќи и проблеми со зависности, на оваа возраст. Сепак, ова се само претпоставки.

ejmi-vajnhaus-se-plashela-deka-kje-umre-na-27-godini-pomalku-poznati-fakti-za-klubot-27-02.jpg

4. Според Алекс Хејне, поранешниот личен асистент на Ејми Вајнхаус, пејачката се плашела дека ќе умре на 27-годишна возраст. Тој вели дека Ејми првпат го изјавила ова кога имала 25 години.

5. Научниците сметаат дека Клубот 27 е чиста случајност. Според статистиката, најмногу славни личности умираат на 56-годишна возраст.

6. Околностите на смртта на повеќето членови на клубот се сомнителни и нејасни. На пример, Џим Морисон беше пронајден мртов во хотелска соба во Париз, но до денес постојат многу шпекулации за тоа како и зошто умрел.

ejmi-vajnhaus-se-plashela-deka-kje-umre-na-27-godini-pomalku-poznati-fakti-za-klubot-27-03.jpg

7. Според некои извори, терминот „Клуб 27“ бил смислен после смртта на Курт Кобејн. Сепак, некои тврдат дека американските медиуми го измислиле терминот во 1969, по смртта на гитаристот на The Rolling Stones, Брајан Џоунс.

8. Иако статистиката вели дека Клубот 27 е мит, едно истражување направено од страна на British Medical Journal покажало дека музичарите во нивните 20-ти и 30-ти имаат тројно поголеми шанси да умрат, за разлика од „обичен“ Британец.

9. Дијана Теодора Кени е професорка која направила истражување, со кое дошла до заклучок дека повеќе музичари умреле на 28, отколку на 27 години.

ejmi-vajnhaus-se-plashela-deka-kje-umre-na-27-godini-pomalku-poznati-fakti-za-klubot-27-04.jpg

10. Истото истражување покажало дека, сепак, светски познатите музичари почесто умирале на 27-годишна возраст.

11. Уште еден податок од истражувањето на Дијана – музичарите кои умреле млади, најчесто правеле музика од нови жанрови.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg