Креативна жена си го „искористила“ сопругот додека спие – стана вирален хит како кукла за рекламирање облека (фото)
Кога жена ќе науми да си го „искористи“ сопругот додека спие, резултатот е генијален – маж стана вирален хит како кукла за рекламирање облека од бутикот на сопругата, без воопшто да знае.
Во период на пандемија и криза, веројатно секој се обидува што е можно повеќе да заштеди, а овој бутик очигледно штеди на модели, но сепак рекламата го надмина очекуваниот резултат.
Жена од Филипини која има онлајн бутик ја искористила креативноста и се снашла на необичен начин да си ги промовира парчињата кои ги продава.
Го видела сопругот како спие во интересна позиција и решила да го направи модел за рекламирање на нејзината облека.
Таа врз него правела цели комбинации, како да е облечен во фустани, панталони, корсети и комбинезони, а фотките ги објавила на официјалната страна на бутикот Jo’s Online.
Објавата со фотките секако стана вирален хит: