Случка: Мајка на 5 години
Пред 70 години Перуанците доживеале случка еднаква на нивните серии. Во една болница во Перу, влегла исцрпена индијанка со мало девојче.
Девојчето имало страшно подуен абдомен и жената го молела докторот Херард Лозад да го истера ѓаволот од неа.
Докторот бил убеден дека девојчето има абдоминален тумор, а на изненадување на сите, тој открил дека Лина Медина е веќе 8 месеци бремена, со што станала најмладата мајка во историјата.
Лина родила здраво момче со царски рез кое го добило името по докторот – Херардо. Тој пораснал мислејќи дека Лина му е сестра, но на негови 10 година му било кажано дека неговата 5 години постара „сестра“ е всушност негова мајка.
Лина подоцна се омажила и добила уште еден син. Херардо починал на 40 години. Лина и нејзиниот втор син живеат во сиромашниот дел на Лима.
Начинот на кој Лина забременила никогаш не е докажан, ниту пак името на таткото. Нејзиниот татко бил уапсен за злоставување и инцест, но подоцна е ослободен заради недостиг на докази. Лина никогаш не разговарала за ова, а одбила и да даде интервју за Ројтерс пред 10 години. Некои веруваат дека таа најверојатно не се сеќава на ништо затоа што била премногу мала.
Овие случаи на преран пубертет се ретки, но не и нечуени.