„Ја избричив главата по 14 години криење со екстензии“ - емотивна исповед на девојка со алопеција

„Конечно сум слободна и среќна. Бричењето на главата е голем чекор за мене и сфатив дека сум убава и покрај мојата состојба. Бев толку исплашена дека нема да најдам некој да ме сака...“, вели Клое во својата емотивна исповед.

ja-izbrichiv-glavata-po-14-godini-krienje-so-ekstenzii-emotivna-ispoved-na-devojka-so-alopecija-01.jpg

Клое Томас (26) од Луизијана добила дијагноза алопеција на 12-годишна возраст и цели 14 години ги криела ќелавите делови од главата со помош на додатоци за коса и постојано се обидувала со разни третмани.

Но, на Инстаграм таа откри дека конечно ја прифатила својата состојба. Клое ја избричи слабата и проретчена коса и храбро го прикажа процесот.

ja-izbrichiv-glavata-po-14-godini-krienje-so-ekstenzii-emotivna-ispoved-na-devojka-so-alopecija-06.jpg

Во својата исповед таа откри дека имала алопеција од 12-годишна вораст, автоимуна болест која резултира со опаѓање на косата.

„Никогаш не знаев дали ќе се разбудам без коса некој ден. Пробав сѐ што е во моја моќ за да ја спасам косата и да го прикријам тоа, од болни инјекции во скалпот до масла и креми. За жал, безуспешнно.

ja-izbrichiv-glavata-po-14-godini-krienje-so-ekstenzii-emotivna-ispoved-na-devojka-so-alopecija-05.jpg

Еднаш една личност ми кажа дека сум многу силна и не дозволувам алопецијата да ме задржува и да го контролира мојот живот, но не беше така. Ако бев поканета некаде и моите екстензии не беа залепени бев загрижена што ќе кажат луѓето.

Плус, слушав коментари од типот „Зошто носи екстензии? Знаеш дека не е убава, така? Поголемиот дел од нејзината коса е вештачка“.
Ваквите коментари ме следеа целиот живот. Работам како модел и отсекогаш ми беше страв што ќе кажат клиентите што ме ангажираат ако дознаат за мојата состојба.

ja-izbrichiv-glavata-po-14-godini-krienje-so-ekstenzii-emotivna-ispoved-na-devojka-so-alopecija-07.jpg

Но, искрено сега не ми е грижа за нив, конечно сум слободна и среќна. Бричењето на главата е голем чекор за мене и сфатив дека сум убава и покрај мојата состојба. Бев толку исплашена дека нема да најдам некој да ме сака, но научив да се сакам себеси.

На тие што страдаат од алопеција им порачувам - вие сте УБАВИ. Ништо не е погрешно со вас, само сте уникатни како мене.

ja-izbrichiv-glavata-po-14-godini-krienje-so-ekstenzii-emotivna-ispoved-na-devojka-so-alopecija-04.jpg

Луѓето велат дека е потребна сила за да ја избричите главата и да го прифатите тоа, но јас мислам дека потребна е сила за да се сакате себеси и покрај местата без коса на главата. Дали сѐ уште ќе носам есктензии и перики? Да, затоа што ми се допаѓа како изгледаат. Но ќе се сакам себеси дури и кога не ги носам. Апсолутно. Тоа сум јас.“

ja-izbrichiv-glavata-po-14-godini-krienje-so-ekstenzii-emotivna-ispoved-na-devojka-so-alopecija-08.jpg

Прочитајте и Девојка, што страда од алопеција од 16 години, храбро ја избричи главата

Фотки од Клое по бричењето:

На следната страна фотки од Клое со екстензии и перики...



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Како изгледаат 14 славни мажи и нивните синови на иста возраст? Бруклин Бекам, кој неодамна наполни 25 години, не се разликува многу од неговиот...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg