2 јануари, „Свети Игнат“ – она што ќе го правите денес, ќе ве следи во текот на целата година

Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување, од 2 јануари денот почнува да се зголемува. Помеѓу народот постои верување дека она што ќе правите или што ќе ви се случува денес, ќе го правите и ќе ви се случува во текот на целата година.

2-januari-Sveti-Ignat-01.jpg

Значи каков ќе ви биде денот на 2 јануари, таква ќе ви биде и годината.

Според преданијата, се верува дека оној што ќе влезе прв во куќата носи среќа или несреќа. Ако тоа е млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезе некој старец или баба се верувало дека годината нема да појде на добро.

Вие денес обидете се да направите некое добро дело. Бидете внимателни и не правете го она што не сакате да ви се случува во текот на оваа година.

Заборавете на нервозите и проблемите, отворете ги вратите на домот, опуштете се, насмејте се, напијте се. Пред спиење пожелно е да прочитате некоја добра книга, за да умно ви тргне годината.

Не ги заборавајте и ближните и саканите. Кажете им колку многу ги почитувате, ги сакате, колку ви се потребни… исполнете го денот со мир и љубов и имајте прекрасна година за паметење.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg