„Пензионирани“ крадци откриваат: Совети за заштита на домот од грабежи
Ако не сте дома на неколку денови, замолете некој да ви ја собира поштата
Штом крадците ќе забележат дека пред вратата или во поштенското сандаче има многу сметки и пликоа, веднаш ќе претпостават дека домот е празен. Затоа, ако сте отсутни од дома на подолго време, замолете некој сосед да ја собира и вашата пошта.
Држете ги завесите отворени
Затворените завеси нема да ги спречат крадците да влезат, па дури ќе им нудат и заштита од погледите на соседите. Па ако не сте дома, велат дека е подобро да ги оставите завесите малку тргнати.
Сепак, ова може да биде и ризично бидејќи може да се открие некој вреден предмет преку прозорецот, па зависно од вашата поставеност на домот, вие најдобро ќе одлучите што е попаметно.
Поставете ги безбедносните камери во висина на очите
Ако сакате да инсталирате безбедносни камери, осигурете се дека барем една ќе биде поставена во висина на очите. На овој начин има поголема веројатност да го снимите лицето на крадецот ако веќе дојде до таму.
Не ги чувајте клучевите од гаражата во автомобилот
За крадците е многу полесно да обијат врата од автомобил, па ако внатре оставите клуч до гаражата, а одовде имате влез до домот, ќе му помогнете полесно да влезе внатре.
Не ставајте роденденски декорации во дворот
Роденденските декорации значат дека неодамна сте имале роденденска прослава, што значи дека во домот најверојатно има и некој скап подарок, вреден за крадење. Затоа, воздржете се од поставување роденденски декорации надвор од домот или на видик.
Фокусирајте се на безбедноста во текот на денот
Поранешните крадци на Reddit велат и дека обично краделе во текот на денот. Имено, тој период најверојатно домот е празен и помал е ризикот да бидат фатени. Мал број крадци се осудуваат да влезат во нечиј дом навечер, кога постои можност да ги разбудат луѓето кои живеат таму.
Спирова С. | Црнобело