Древни кинески верувања: Првиот и вториот ден од новата година - не се перe
Иако кинеската Нова година е временски различна од нашата, па по лунарниот календар тие ја прославуваат во февруари, сепак има некои слични верувања со нашите, а некои се тотално неразбирливи за нас.
Факт е дека многу работи и верувања не се исти како нашите и помалку се оние кои важат и кај нас, сепак можеби ќе ви биде интересно да знаете какви се нивните традиции во првите два дена од годината.
Ова се нивните древни обичаи и верувања - има ли сличности со нашите?
- Ако земете лек на првиот ден од лунарната година, тоа значи дека ќе бидете болни во текот на целата година.
- Не јадете каша за новогодишен појадок, бидејќи се верува дека тоа го прават само сиромашните, па тоа би бил лош знак.
- Кинезите веруваат дека првиот и вториот ден во новата година не треба да се пере облеката, бидејќи тогаш се прославува роденденот на богињата на водата.
- Косата не смее да се мие на првиот ден од новата година. Во кинескиот јазик, зборот коса се пишува и изговара исто како и зборот збогати се, па од таа причина се смета дека не е паметно да го „измиете богатството.“
- Жените не би требало да излегуваат на првиот ден од новата година, бидејќи во спротивно, ќе ги следи лоша карма во текот на целата година.
- Ако чистите со метла на првиот ден во годината, исто така богатството ќе биде избришано.
- Се смета и дека детскиот плач во првиот ден од новата година ќе му донесе несреќа на семејството, па се трудат децата да бидат весели и насмеани.
- Не би требало да се позајмуваат пари во очи на Нова година и сите долгови мора да бидат исплатени до новогодишната ноќ. Ако некој ви должи пари, сепак немојте да одите и да му ги барате парите. Тоа се смета како несреќа во текот на целата година.
- Носењето на оштетена и излитена облека на првиот ден од новата година, исто така може да биде знак за лоша среќа во наредната година.
- Не е дозволено носење на црна или бела облека, бидејќи и двете се поврзуваат со жалост.
- Никако не се подаруваат часовници или остри предмети, бидејќи имаат лошо значење во кинеската култура.
М. Д. | Црнобело