Најдобрите свадбени фотографии од целиот свет за 2020-та година
И оваа година се одржа натпреварот за свадбени фотографии на Junebug Weddings - светски познат веб-сајт посветен на венчавки - и неодамна беа објавени 50-те најдобри.
Како секоја година, и оваа се одржа натпревар за свадбени фотографии организиран од Junebug Weddings. Во натпреварот учествуваат фотографи од целиот свет, а годинава жирито требало да одбира од над 1.000 фотографии.
Поради пандемијата, во 2020-та и венчавките беа многу поразлични од она на коешто сме навикнати. Паровите не може да прават големи прослави, но тоа не значи дека не го одбележале нивниот посебен ден.
Дел од фотографите се направени на денот на венчавката и на некои се гледа дека на прославата присуствувале едвај 10-тина гости. Но, има и фотографии кои биле дел од свадбената фотосесија на младоженците и изгледаат навистина волшебно.
Годинава конкуренцијата била огромна, но жирито успеало да избере 50 најдобри фотографии. Сите 50 фотографии, заедно со имињата на фотографите, можете да ги погледнете ТУКА.
Дел од 50-те најдобри свадбени фотографии за 2020-та година:
Спирова С. | Црнобело / Фото: Junebug Weddings