Магичното значење на „Poke“
Опцијата „Poke“ на Фејсбук постои уште откако се појави оваа друштвена мрежа. И покрај сите промени, оваа опција си го задржа своето...
...место во горниот десен агол на страницата, но веќе не е така наметлив како порано.
Ако сте меѓу некои од оние кои сè уште го користат ова копче, можеби ќе ве интересира што точно значи „Poke” во зависност од кого сте го добиле.
Кога ќе ве Poke-не:
1. Постарата сестра – се уште сум психолошки подоминантна од тебе.
2. Бившиот/бившата – сака секс.
3. Партнерот/партнерката – сака секс.
4. Мајка ви – што ли значи тоа poke? Си мисли дека ви пратила e-mail.
5. Адвокатот – ќе ти пратам сметка за ова.
6. Соработник/колега – следниот пат кога ќе пееш ќе те убијам.
7. Психијатар- никогаш нема да ти помогнам да дојдеш до точката во која ќе мислиш дека веќе не мораш да ми плаќаш за услугите.
8. Пријателите – алооо, кај си да се јавиш за кафе?!
9. Директорот – те гледам дека дремеш на Фејсбук, фаќај се за работа!
10. Продавачката од омилената продавница- кај си? Одамна не си дошла/дошол да потрошиш некој денар!