8 едноставни трикови и вежби со кои вашиот мозок ќе биде во топ форма

Дали сте забележале дека скоро секој ден ви е ист? Веројатно секој ден ги правите приближно истите активности – одите на работа, правите јадење, водите речиси исти разговори со некого… Нема ништо лошо во ова, но активностите што ги повторувате секој ден не го стимулираат вашиот мозок.

8-ednostavni-vezhbi-so-koi-vashiot-mozok-kje-bide-vo-top-forma-01.jpg

Одвреме-навреме треба да го тренирате и мозокот, исто како телото, ако сакате да биде во добра форма. А, најдобрата стимулација за него се новите нешта.

Нормално, ретко кој има можност и време секој ден да прави нешто ново или да посетува нови места, но постојат неколку едноставни вежби што ќе ви помогнат да го „раздвижите“ мозокот.

Овие вежби нема да ви одземат многу време, а сепак можат да направат огромна разлика на долг период.

Погледнете ги 8-те едноставни вежби и трикови со кои вашиот мозок ќе биде во топ форма:

Правете работи со недоминантната рака

Иако изгледа навистина едноставно, кога ќе почнете да ја употребувате недоминантната рака за секојдневни активности, вашиот мозок ќе мора да се активира повеќе.

Во овој случај можете да почнете со едноставни работи – мијте ги забите со другата рака, држете ги ножот и виљушката во различни раце, промешајте го кафето со другата рака…

Некои истражувања покажале дека оваа вежба може да ја зголеми самоконтролата, но и да ја намали агресијата кај една личност. Секако, не мора цел ден да ја користите таа рака, само направете промена кај неколку активности во текот на денот.

8-ednostavni-vezhbi-so-koi-vashiot-mozok-kje-bide-vo-top-forma-02.jpg

Некоординирани движења

И ова звучи едноставно, но може да биде навистина тешко за некои луѓе, што значи дека некоординираните движења навистина го активираат мозокот.

Можете да пробате да ја вртите левата нога во една насока, а со левата рака да цртате кругови во друга насока. Или, истовремено соберете ги показалецот и средниот прст од левата, а домалиот и малиот прст од десната рака, и обратно (како на фотографијата).

Можете да го правите кое било некоординирано движење на коешто ќе се сетите. Со оваа вежба ќе го подобрите фокусот, но и полесно ќе се справувате со менталниот стрес.

8-ednostavni-vezhbi-so-koi-vashiot-mozok-kje-bide-vo-top-forma-03.jpg

Седнете на друго место за време на ручек

Ако сте како повеќето семејства, веројатно секој си има одредено место на трпезариската маса. Промената на местото можеби ви изгледа неважна, но сепак претставува новина за мозокот и му дава нова перспектива.

Слични трикови можете да применувате каде било – кога си одите од работа, немојте секогаш да одите по истиот пат, кога правите нешто едноставно обидете се да го направите со затворени очи, ако работите од дома одвреме-навреме менувајте ја просторијата или местото од коешто работите…

8-ednostavni-vezhbi-so-koi-vashiot-mozok-kje-bide-vo-top-forma-04.jpg

Носете го рачниот часовник наопаку

Кога гледате во нешто што го гледате секојдневно, мозокот не троши многу време за перципирање и брзо му се одвлекува вниманието.

Но, и најмалата промена во секојдневните работи може да направи разлика – како носењето на рачниот часовник наопаку.

На овој начин ќе треба малку да се потрудите за да видите колку е часот, а ова ќе ви помогне да го подобрите фокусот. Секако и ова не треба да го правите постојано, само понекогаш да го практикувате како вежба за мозокот во одреден дел од денот.

8-ednostavni-vezhbi-so-koi-vashiot-mozok-kje-bide-vo-top-forma-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg