8 едноставни трикови и вежби со кои вашиот мозок ќе биде во топ форма
Играјте ја играта „10 предмети/зборови“
Барањето симболи, сличности и асоцијации има позитивно влијание врз мозокот. За оваа игра, можете да се обидете да најдете 10 асоцијации или синоними за некој збор.
Или, обидете се да именувате 10 предмети што наликуваат на некој друг. На пример, вашиот лаптоп може да личи на тостер, папка за документи, кутија...
Ова е едноставна вежба што можете да ја правите каде и да сте.
Почнувајте и вклучувајте се во расправи и дебати
Во овој случај не треба да се искарате со соговорникот, туку начнете тема за која имате различни мислења и обидете се да го одбраните вашиот став.
Во ваква ситуација ќе морате да размислувате и ќе го тренирате мозокот да поврзува факти што веќе ги знаете.
Истовремено, ова е одлична вежба за социјализација и комуницирање.
Математичка вежба
Математиката е можеби најдобриот начин да ги подобрите когнитивните способности и нема потреба да решавате интеграли за тоа.
Доволно е да правите една едноставна вежба – замислете си трицифрен број, додајте 3, а потоа одземете 7. Повторете го истото со добиениот резултат и направете го ова барем петпати.
Нормално, нема потреба да собирате со 3 и да одземате со 7 – може да одберете и поголеми броеви ако сакате поголем предизвик.
Медитација со метроном
Медитирањето со метроном е одлична вежба за концентрацијата, а ќе ви помогне и да се ослободите од стресот.
Сè што треба да направите е да најдете тивко место, наместете се во удобна положба и наместете го метрономот на помалку удари, на пример, 40 во минута.
Потоа затворете ги очите и само фокусирајте се на звукот од метрономот.
Не мора да купувате метроном за ова, туку можете да најдете онлајн верзија на интернет.
Спирова С. | Црнобело