Бочели го изгубил видот во детството – Славни личности со попреченост кои постигнале многу во животот
Мајкл Џ. Фокс
Актерот кој го засакавме благодарение на Back to the Future има Паркинсонова болест. Дијагнозата ја добил на 29-годишна возраст, во периодот кога постигнуваше најголем успех.
На актерот му требало многу време да се соочи со реалноста и извесно време се справувал и со депресија и алкохолизам. Денес Мајкл уште се справува со болеста и се обидува да ја подигне свеста за неа.
Питер Динклиџ
Ѕвездата од Game of Thrones има ахондроплазија, односно нарушување познато како џуџест раст. Неговиот живот не бил воопшто лесен, постојано бил мета на критики и исмејување.
Но, токму поради нарушувањето тој ја доби улогата во Game of Thrones, преку која имаше можност да го покаже неверојатниот талент и да ги освои срцата на милиони фанови.
Киану Ривс
Познатиот актер има дислексија која му предизвикувала сериозни проблеми во детството. Тој има изјавено дека поради нарушувањето бил многу слаб ученик и не завршил ни средно.
Дислексијата имала огромно влијание и врз неговата самодоверба и актерот долго време се чувствувал како да не припаѓа никаде.
Даниел Редклиф
Актерот кој најдобро го знаеме од серијалот Harry Potter има блага форма на диспраксија. Луѓето со ова нарушување се несмасни и воопшто не можат да го контролираат тоа, а се појавуваат и други симптоми, како тешкотии со концентрација, проблеми со координација и слично.
Даниел има изјавено дека некогаш не може да си ги врзе ни врвките од патиките поради нарушувањето.
Спирова С. | Црнобело