Бочели го изгубил видот во детството – Славни личности со попреченост кои постигнале многу во животот
Само затоа што некоја личност е родена со некаква попреченост, не значи дека нема да успее во животот, а овие славни личности се вистинска инспирација дека не постојат граници!
Лицата со попреченост можат да бидат многу успешни и дефинитивно се многу посилни од сите останати.
И покрај бројните предизвици што им ги поставил животот, здравствените проблеми, попреченоста во физичкиот или психичкиот развој, тие не се откажуваат и продолжуваат да се борат, па се вистинска инспирација за многумина
Во продолжение погледнете неколку славни личности кои постигнале неверојатен успех и покрај нивните попреченост:
Фрида Кало
На 6-годишна возраст, Фрида Кало поминала неколку месеци во болница откако се заразила со полиовирусот кој предизвикува детска парализа. Иако Кало имала поблага форма на болеста, сепак останале и последици – нејзината десна нога била малку деформирана и пократка од левата.
Подоцна, на 18-годишна возраст, таа преживеала тешка сообраќајка поради која ѝ биле направени над 30-тина операции и цел живот била во болки.
Робин Вилијамс
Познатиот актер кој успеа да го насмее целиот свет, во детството добил дијагноза за ADHD. Подоцна, кога пораснал, актерот бил дијагностициран и со биполарно нарушување.
Кон крајот на неговиот живот, Робин Вилијамс страдал и од еден вид деменција, која е проследена со промени во навиките за спиење, однесувањето, начинот на размислување…
Андреа Бочели
На 12-годишна возраст, познатиот оперски пејач потполно го изгубил видот, откако бил удрен со топка додека играл фудбал.
Лекарите дале сè од себе, но не успеале да му помогнат. Претходно, Бочели имал глауком, кој веќе му предизвикал проблеми со видот.
Ник Вујичиќ
Ник е вистинска инспирација за буквално секој. Тој е роден без раце и нозе и има изјавено дека во младоста се чувствувал толку лошо, што помислувал и на самоубиство.
Но, со текот на времето станал свесен за неговиот потенцијал, па сега држи мотивациски говори ширум целиот свет, а има напишано неколку книги.