10 принципи на ичиго ичи – јапонска филозофија за уметноста на живеењето во сегашниот миг
Вклучете ги сите сетила
Без разлика каде сте и што правите, обидете се да го впиете моментот со сите сетила. Фокусирајте се и на звуците, мирисите, искористете го вашиот допир… На овој начин многу полесно ќе се сосредоточите во моментот, но и ќе научите да обрнувате внимание на сите детали околу вас.
Забележувајте ги случајностите
Без разлика дали верувате во судбина или во случајности, обрнете посебно внимание на ваквите мигови. Можете дури да водите и дневник каде што ќе ги запишувате ваквите ситуации. Ако верувате во судбина, овие мигови сигурно ќе ви ја зајакнат вербата. Ако, пак, верувате дека постојат само случајности, овие моменти ќе ви покажат колку е неверојатен светот во којшто живееме.
Секој миг е погоден за прослава
Не чекајте посебни прилики за да прославите и да се радувате. Зошто да го славите вашиот живот само на роденденот, кога можете да го правите тоа буквално секој ден? Секој ден радувајте му се на животот, кажувајте им на најблиските дека ги сакате и дозволете си да бидете среќни.
Ако нешто не ви се допаѓаа, променете го
Луѓето се неверојатни суштества и можат да се променат безброј пати. Ако не ви се допаѓа личноста којашто сте, не заборавајте дека имате моќ да се промените. Ако не ви се допаѓа што било, скоро секогаш има начин да го промените тоа.
Барајте ги убавите мигови, не чекајте тие да ве најдат
Излезете од дома и вие барајте ги моментите што ќе ги помните целиот живот. Среќата нема да ви затропа на врата, туку морате да ја најдете сами.
Спирова С. | Црнобело