10 смешни реклами за мобилни
Дали се сеќавате на деновите кога врв на елеганцијата беше да се поседува мобилен телефон? Телефоните беа како цигла и се разбира...
...задолжително имаа и антена. Поседувањето на модели без антена значеа дека сте високо во општеството. Тоа беа денови на Алкател, Ериксон и Нокиа. А како изгледаа рекламите за тие телефони?
Погледнете ги клипчињата и вратете се низ времепловот:
1. Ериксонова реклама
Дали е во прашање огромна коса или навистина мал телефон?
2. „БТ Целебнет“ реклама
Доктор Кој продава душа, пардон, рекламира телефон споредувајќи ги со антички амфитеатар?!
3. Радио Шек реклама
Реклама за телефон кој е „мобилен“ колку деведесет годишна баба.
4. Нокиа
Реклама за Нокиа од пред 10 години.
5. Џенерал Електрик
Реклама од која ќе разберете зошто не се пробиле на поширок пазар.
6. Моторола телефон на преклоп
Реклама која покажува во какви сè ситуации може да се користи телефонот.
7. БТ пејџери – реклама
Распеана реклама.
8. Сентел 1989
На Јутјуб е ставена како прва реклама, иако не сме сигурни.
9. Реклама за Квалком
За плашење е.
10. Моторола Дајнатек реклама
Веројатно најдобра од овие десет – зошто? Проверете сами.