7 секојдневни навики кои всушност не се по бонтон
Некултурна навика: Зборувате на телефон додека стоите во редица во маркет. Зборувате гласно, откривате детали од приватниот живот, а касиерката чека да ѝ платите.
Можеби и вие цврсто верувате за дел од овие работи дека се правилни и ги правите секојдневно, но тоа всушност не е така.
Според непишаните бонтон правила тие се одлика на некултурни луѓе.
Секојдневни навики кои всушност не се по бонтон:
Го сушите чадорот отворен
На прв поглед изгледа правилно, но по бонтон е прво да го затресете чадорот од дождот кога влегувате во некоја просторија, а потоа да ги ставите на специјално место наменето за тоа собран да се суши.
Не го симнувате ранецот во јавен превоз
Воопшто не е безбедно, а е и некултурно кон другите луѓе, непотребно заземате простор и ги туркате со него.
Дување на топла храна
Колку и да сте гладни, подобро е да почекате храната сама да се олади.
Со прстите земате сол од отворен соларник
Ова е нехигиенски и тоа треба да го направите со специјално лажиче или со чист нож.
Не го вадите парчето лимон од шолјата со чај
Откако ќе даде шмек, парчето лимон треба да го извадите и да го ставите на тацната на страна, пред да пиете од чајот.
Почнувате да јадете, пред келнерот да им донесе храна на сите на масата
Зборувате на телефон додека стоите во редица во маркет
Зборувате гласно, откривате детали од приватниот живот, а касиерката чека да ѝ платите, ова е крајно некултурно.
С. С. | Црнобело