Мемињата ги ублажуваат симптомите на депресија – Научни откритија и истражувања кои ќе ве расположат
Науката напреднува со неверојатна брзина, па секој ден можеме да слушнеме за некое ново откритие или некој нов изум.
Некои од нив не ни прават голема разлика во секојдневието, но постојат и оние кои имаат потенцијал засекогаш да ги променат нашите животи, и тоа на подобро.
Во продолжение можете да дознаете за неколку истражувања и откритија кои дефинитивно ќе ни го подобрат животот и кои сигурно ќе ве расположат:
„Мемињата“ за депресија можат да им помогнат на депресивните луѓе полесно да се справат со нивната состојба
Психолозите од универзитетот Sheffield Hallam во Англија направиле истражување со цел да откријат какво е влијанието на мемињата со депресија врз луѓето кои страдаат од ова нарушување.
Се покажало дека мемињата со ваква содржина им се посмешни на луѓето кои се депресивни или склони кон депресија, но и дека им помагаат подобро да се справат со нивната состојба.
Имено, кога луѓето го гледале нивниот проблем од нова, хумористична перспектива, чувствувале поддршка и разбирање и со тоа полесно се справувале со негативните чувства.
Научниците направија „стакло“ од дрво
Научниците од универзитетите Maryland и Colorado во САД успеале да направат материјал кој наликува на стакло, од вид дрво кое расте во Јужна и Централна Америка.
„Стаклото“ од дрво е транспарентен материјал, но е многу посилен од обичното стакло. Покрај тоа, овој материјал може да се витка и не се крши толку лесно.
Уште подобро е што за производството на материјалот се троши петпати помалку енергија отколку за производството на стакло.
Бионичките екстремитети стануваат сè понапредни
Жоао Карлос Мартинс е многу познат бразилски пијанист кој морал да ја прекине кариерата поради повреда. 80-годишниот музичар си ја повредил десната дланка во 1965-та, по што му атрофирале три прста. Тој можел да свири и така, но со текот на времето состојбата му се влошила, а поради болест сега и другата дланка му е неподвижна.
Но, инженерот Убиратао Бизаро Коста решил да му помогне и направил бионички ракавици само за него. Со помош на ракавиците, дланките на пијанистот се подвижни, па тој може да свири без проблем.
ТУКА можете да погледнете како изгледа тоа.
Направен е уред кој собира вода од воздухот
Научниците од MIT, во соработка со колегите од Јужна Кореја, смислија направа која може да ја „извлече“ водата од воздухот, дури и кога влажноста е многу мала.
Направата е напојувана со соларни панели и иако уште не е доволно ефикасна, експертите се уверени дека наскоро ќе ја подобрат. Всушност, тие веќе работат на пренослива верзија која може да се користи на секакви експедиции.
Гледањето видеа со животното квока го намалуваат стресот
Научниците од британскиот универзитет Leeds, заедно со научници од Австралија, откриле дека гледањето видеа со слатки и смешни животни може да го намали нивото на стрес.
Во истражувањето учествувале 19 испитаници, кои гледале видеа со животното квока – неретко нарекувано и најсреќното животно на планетата.
Испитаниците ги гледале видеата половина час, а научниците им го мереле пулсот пред и после експериментот. Се покажало дека видеата навистина им помогнале да се релаксираат до тој степен, што еден од испитаниците речиси заспал.
Па, веќе нема потреба да чувствувате вина ако сметате дека губите време гледајќи видеа со слатки животни – ова е всушност добро за вашето здравје.
Спирова С. | Црнобело