Какви се луѓето кои преферираат да јадат со раце?
Додека едни уживаат отмено да користат виљушка и нож за оброкот, други обожаваат да ја растураат храната со раце.
Ако спаѓате во втората група, односно во луѓето кои уживаат да јадат со раце, тогаш многумина ве толкуваат како:
Авантуристи
Јадењето со раце е тесно поврзано со отворениот ум, смета терапевтот Ребека Капс. Ова исто важи и за лицата кои сакаат да пробуваат нова храна.
Луѓе кои уживаат во животот
Доколку не дозволувате приборот за храна да ви застане на патот на уживањето во храната, дефинитивно не сте сами.
Јадењето е искуство кое ги активира сетилата, а со користење на рацете го вклучувате и сетилото за допир. Со оглед на тоа што храната им различна текстура, рацете ви помагаат да истражувате.
Креативци
Луѓето кои јадат со раце, многу почесто се иноватини и имаат подобри идеи. Ова се оние луѓе кои сакаат да ги кршат правилата.
Луѓе кои се грижат за здравјето
Можеби не сте ни размислувале на тоа, но јадењето со раце е поздраво. Се покажало дека користењето на прибор помага во брзо најадување и прејадување, што се поврзува со дисбаланс на шеќерот во крвта и развој на дијабетес тип 2.
Не се ставате себеси на прво место
Лицата кои често јадат „од нога“ и немаат време да користат прибор, се истите оние кои прават повеќе работи истовремено, па обично немаат време да се фокусираат на своите потреби.
Го кажувате она што го мислите
Односно, не ве интересира што ќе кажат или помислат другите, како што и може да се забележи од вашата навика да јадете со голи раце.
М. Д. | Црнобело