Колку жени работат и колку цветови се потребни за едно шишенце парфем Chanel No.5?
Од 1980-та година ексклузивен договор за производство за цветовите за Chanel го има семејството на Joseph Mul.
Полето на кое се растат цветовите е големо 25 хектари, а е оградено со стаза која се спојува со селскиот пат.
Видот на рози кои се одгледуваат тука се нарекува Rosa centifolia, во превод роза со стотина латици.
За производството на парфемот е многу важно цветовите да се соберат во мај, откако ќе процветаат, во рок од 2 недели најдоцна.
Од сите 25 хектари се берат во просек 37 тони цвеќе, а за таа работа се потребни минимум 70 жени.
Штом се наберат розите, се префрлаат во вреќи од 10 килограми, па потоа се превезуваат до фабриката во која почнува процесот на ферментација.
За производство на едно шишенце Chanel во просек се потребни околу 1000 набрани цветови.
М. Д. | Црнобело