Иста игла за сите, забрането за трудници: Најпопуларните митови за тетоважите - што е вистина, а што не?

Со текот на времето, црната боја станува зелена

Уште еден мит кој е вистина, но ова најчесто важи за многу стари тетоважи. Покрај староста, и честата изложеност на сонце може да ја избледи тетоважата, па црната боја ќе добие зелена нијанса.

najpoznatite-mitovi-za-tetovazhite-shto-e-vistina-a-shto-ne-08.jpg

Луѓето со хемофилија не можат да се тетовираат

Овој мит е и вистина, и лага истовремено. Хемофилијата е болест која го спречува згрутчувањето на крвта, па логично е да помислите дека луѓето со ова нарушување не треба да се тетовираат.

Сепак, ако станува збор за личност со поблага форма на нарушувањето, тетовирањето не би требало да претставува проблем. Но, за пациентите со посериозно нарушување, најдобро би било да не се тетовираат.

И во овој случај, неопходно е да се консултирате со вашиот лекар.

najpoznatite-mitovi-za-tetovazhite-shto-e-vistina-a-shto-ne-09.jpg

Тетоважите можат да ги намалат можностите за професионален успех

Вистина е дека до неодамна општеството имаше лошо мислење за луѓето со тетоважи. Многумина се нашле и во ситуација да не добијат некое работно место поради нивните тетоважи. Но, времињата се менуваат, тетоважите стануваат почести, па и општеството почна да се адаптира на нив.

Нормално, можно е да се најдете во ситуација каде што ќе бидете дискриминирани од потенцијалниот работодавец поради тетоважите, и иако е ова поретко, сепак има работни места каде не се почитува.

Ако сепак сте загрижени за ова со оглед на вашата професија, правете тетоважи на места кои можете да ги покриете со облека.

najpoznatite-mitovi-za-tetovazhite-shto-e-vistina-a-shto-ne-10.jpg

Ќе крвавите додека ви ја прават тетоважата

Крвавењето е сосем нормална појава за време на тетовирањето и нема потреба да се плашите од неа. Ова крвавење е минимално, а кај некои луѓе воопшто не се ни појавува.

Откако ќе ви ја направат тетоважата, можно е и во наредните ден-два да забележите малку крв, но и ова е нормално. Најважно е да ги следите советите на тату-артистот, а ако крвавењето не престане и после два дена, тогаш одете на лекар.

najpoznatite-mitovi-za-tetovazhite-shto-e-vistina-a-shto-ne-11.jpg

Тату-артистите користат иста игла за сите клиенти

Ниту еден професионален тату-артист нема да тетовира повеќе клиенти со една игла. Хигиената е најважното нешто за тату артистите и за секој клиент користат нова игла. Всушност, тие неретко и ги отвораат иглите пред муштериите како доказ дека се неупотребени.

Токму поради ова е важно да ја правите тетоважата кај искусен артист.

ista-igla-za-site-zabraneto-za-trudnici-najpopularnite-mitovi-za-tetovazhite-shto-e-vistina-a-shto-ne.jpg

Не можете да ги отстраните тетоважите

Ако во детството сте изразиле желба за тетоважа, веројатно ви рекле дека не може бидејќи не се отстранува. Но денес постои начин да ги отстраните и трајните тетоважи.

Сепак, ова е комплициран процес кој уште треба да се усовршува, а оние кои го пробале велат дека е многу болен.

najpoznatite-mitovi-za-tetovazhite-shto-e-vistina-a-shto-ne-13.jpg

Како што веќе напоменавме, ако имате каков било здравствен проблем, а сакате да направите тетоважа, не заборавајте да се консултирате и со вашиот лекар.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тату-артистка им дава душа на лузните на луѓето и ги претвора во вистински ремек дела Французинката Марта Мадригал е тату-артистка која го користи својот талент да со...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg