Зошто стаклените шишиња имаат долг „врат“ - секојдневни предмети со скриени детали чија функција веројатно не ја знаете
Зошто има стрелка до симболот за резервоарот на автомобилот?
Оваа стрелка покажува на која страна се наоѓа отворот за резервоарот на автомобилот.
Дали синиот дел навистина брише пенкало?
Ако во детството сте имале ваква гума, веројатно сте го слушнале овој мит. Вистината е дека синиот дел е наменет за бришење молив, но на погруба хартија.
Зошто шнолите имаат брановидна страна?
Благодарение на оваа форма, шнолата се прицврстува подобро за косата.
Која е функцијата на малиот пластичен диск под капчињата?
Овие мали дискови служат за подобро затворање на шишето и го спречуваат испарувањето на јаглеродниот диоксид во газираните пијалаци.
Зошто авионските прозорци имаат дупчиња?
Со помош на овие дупчиња се регулира воздушниот притисок во внатрешноста на авионот.
Зошто некои копчиња од тастатурата имаат испакнатини?
Овие испакнатини, најчесто на копчињата F и G, се за полесно да се снајдете на тастатурата без да ја гледате.
Зошто некои тетратки имаат обележани маргини?
Денес можеби го немаме овој проблем, но во минатото неретко се случувало стаорците да ја изгризат хартијата од книгите. Со маргините, краевите од хартијата се неиспишани, па дури и крајот од хартијата да настрада од стаорци, влага или нешто слично, текстот во средината ќе биде зачуван.
Спирова С. | Црнобело