Зошто стаклените шишиња имаат долг „врат“ - секојдневни предмети со скриени детали чија функција веројатно не ја знаете
Знаевте ли дека предметите што ги користиме секојдневно кријат многу тајни? Можеби не сте обрнале внимание на овие нешта, но некои детали од нивниот дизајн не се за естетика, туку имаат важна улога.
На пример, сте се запрашале ли зошто стаклените шишиња имаат долг врат, или зошто женската долна облека има „џеб“ во внатрешноста?
Во продолжение можете да дознаете која е функцијата на малите детали од секојдневни предмети:
Зошто шишињата имаат долг врат?
Постојат неколку причини за ова – шишињата со долг врат се многу полесни за држење во рака, за мал отвор е потребно помало капаче со што се заштедува на материјали, а и многу полесно е да се затвори помал отвор.
Зошто патиките имаат екстра дупки?
Овие дупки се за подобро прицврстување на патиките. Ако ги протнете врвките и низ овие дупки, ќе можете подобро да ги стегнете патиките.
Која е функцијата на нитните на фармерките?
Овие нитни се така поставени, што ја намалуваат можноста за кинење на фармерките. Оваа идеја ја добил легендарниот Леви Штраус.
За што служи „џебот“ на женската долна облека?
Малото парче ткаенина што е зашиено на внатрешниот дел од женската долна облека е од хигиенски причини, но и за поголема удобност. Бидејќи гениталиите се чувствителна област, овој дел од долната облека обично е од помек материјал.
Зошто катанците имаат дупче?
Бидејќи катанците најчесто се користат на отворено, ова дупче на долниот дел е за истекување на водата. На овој начин катанецот нема да кородира, или да замрзне во студените месеци.
Зошто топчињата за голф имаат вдлабнатини?
Топчето со вдлабнатини може да одлета многу подалеку за разлика од топче со мазна површина – нешто што е од голема важност во голфот.
За што служи дупчето до камерата од вашиот смартфон?
Ова дупче е всушност микрофон за камерата.