Предмети за кои сигурно не знаевте дека имаат рок на траење

Шлемови

Бидејќи шлемот ја штити вашата глава, мора да бидете сигурни дека е во ред. Неретко, надворешните влијанија, како сонцето, па дури и вашата пот, можат да ја оштетат пластиката. Ако редовно го носите шлемот, добро би било да го менувате на секои две години.

predmeti-za-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-imaat-rok-na-traenje-08.jpg

Спрејови против убоди од инсекти

Ако ви се чини дека спрејот против убоди не ги спречува инсектите, тогаш веројатно му поминал рокот на траење. Ако го чувате спрејот настрана од сонце или многу ниски температури, би требало да биде во ред околу три години.

predmeti-za-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-imaat-rok-na-traenje-09.jpg

Маскара

Експертите сметаат дека треба да ја замените маскарата три месеци откако ќе ја отворите. Причината е што во неа можат да се развијат бактерии, кои потоа ќе ги нанесете на вашите очи.

predmeti-za-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-imaat-rok-na-traenje-10.jpg

Сунѓери за бањање

Сунѓерот со којшто се бањате може и да не е толку чист – на него остануваат мртви кожни клетки, а од влагата во тоалетот тој станува погодна површина за развој на бактерии. Најдобро е да го менувате сунѓерот за капење на секои 1-2 месеци.

predmeti-za-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-imaat-rok-na-traenje-11.jpg

Батерии

Најдобро е да не купувате многу батерии одеднаш, бидејќи по некое време ќе бидат бескорисни. Некои делови од батериите кородираат и со текот на времето нема да бидат исто ефикасни.

predmeti-za-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-imaat-rok-na-traenje-12.jpg

Лосиони и кремови

Кремот за лице што е отворен повеќе од 2 години нема да биде исто ефикасен како на почетокот. Истовремено, ако кремот го земате со вашите прсти, тогаш внатре оставате и бактерии. Најдобро е кремовите за лице да ги менувате на секои 6 месеци.

predmeti-za-koi-sigurno-ne-znaevte-deka-imaat-rok-na-traenje-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg