Најмладиот сурфер во светот – има само 4 години, а научил да сурфа на 2
Жоао Витор од Бразил има само 4 години, а веќе сурфа подобро и од професионалец.
4-годишниот Жоао Витор живее во мало гратче покрај брегот на Бразил и уште од 2-годишна возраст знае да сурфа. Желбата за овој спорт ја разбудиле неговиот татко и неговата постара сестра, кои секојдневно сурфале.
Според мајката на Жоао, Камила, тој почнал да учи пливање кога имал само 7 месеци.
„Неговата сестра Марија Клара и неговиот татко сурфаат по цели денови, па му го претставија овој спорт“, вели Камила.
Додека си играл во водата со татко му и сестра му, малиот Жоао побарал да проба да сурфа. Татко му му дозволил и веднаш сфатил дека неговото синче знае што прави. Тогаш, неговите родителите останале без зборови, најмногу бидејќи Жоао ја совладал техниката за стоење на штицата за сурфање – нешто што им претставува проблем на многу постари луѓе.
„Кога првпат застана, мене и на сопругот не ни се веруваше бидејќи тој беше само бебе“, вели гордата мајка.
А, изгледа сурфањето е и во неговите гени:
„Мојата ќерка, Марија Клара, почна да сурфа кога имаше 3 години и 6 месеци. Претходно, дури да наполни 2 години, таа вежбаше сурфање во легната положба“, изјави Клара.
Жоао и сестра му Клара секојдневно оделе на плажата, и сурфале речиси секој ден. Го прескокнувале одењето на плажа само кога било студено или врнежливо.
Според Камила, луѓето на плажите секогаш биле изненадени и воодушевени што толку мали деца сурфаат како професионалци.
Но, Камила не е сигурна дали Жоао ќе сака да стане професионален сурфер бидејќи, сепак, сè уште е многу мал за таква одлука.
Младото момче има и Instagram профил со над 32.000 следбеници, кои ги забавува со видеа и фотографии од сурфање. За профилот воглавно е одговорна мајка му Камила.
Профилот ѝ припаѓа и на сестра му Клара, но Жоао дефинитивно е главната ѕвезда.