Проверени начини како културно да ги избркате гостите кои седат предолго
Да бидеш добар домаќин е исто толку важно како и да бидеш добар гостин.
Но, што кога гостите не знаат колку е доста? Како на културен начин да им дадете до знаење дека е време да си заминат?
Прв начин е уште пред забавата да почне, да нагласите дека собирот започнува во 18 часот и ќе трае до 20 или 21 часот, бидејќи утредента сте на работа или ве чекаат други обврски.
Ако тоа не успее, еве што може суптилно да направите:
- Понудете им дали сакаат нешто да им спакувате за дома. На тој начин сте културни, но истовремено и најавувате дека на седенката ѝ се ближи крајот.
- Предложете им забавата да се префрли на друго место. На пример, може да предложите ново место за уште едно последно „живели“ или добар локал со прекрасни десерти како финиш.
- Спомнете го времето. Трикот во кој ќе погледнете во часовникот и ќе искоментирате колку брзо ви пролетало времето, секогаш пали.
- Одглумете главоболка и кажете дека мора да прекинете со алкохолот и да се префрлите на апче со вода, за сабајле да немате последици.
- Зевнете неколкупати. Секако, ова не важи ако собиранката се одвива сред бел ден.
- Почнете да си ги обавувате ситните домашни задачи кои го навестуваат крајот. Може да ја стишете музиката, да кренете неколку чинии и слично.
М. Д. | Црнобело