Личи на порцеланска кукла, Фотошоп скандал – Кој е хрватскиот „Кен“?
Неодамна се вери со неговиот партнер Момчило, на фотките изгледа како порцеланска кукла, го обвинија дека се фотошопира на светски дестинации – како изгледа стилистот Марко Грубниќ, хрватскиот Кен?
За себе вели дека уште од мал знаел да искомбинира различни парчиња, а додека неговите другари во детството се валкале во кал, тој ги избегнувал овие активности и секогаш изгледал дотеран од глава до пети.
Ова правило, Марко Грубниќ го негува и денес и во секоја комбинација изгледа скоцкано во скапи модни парчиња.
Тој е моден стилист и соработува со голем број ѕвезди, а често може да се забележи во кругот на познати личности. Познат е како „моден мачор“, а прекарот му го дал пријател.
Во 2013-та се преселил во Лондон, каде продолжува со своите ангажмани, а на Инстаграм има совршено исценирани фотки од цел свет во луксузни модни комбинации, кои наликуваат на разгледници.
Беше мета на критики дека ги фотошопира фотките на познатите дестинации, но тој тврди дека не користи Фотошоп. Неодамна се сврши со својот партнер Момчило, со кој редовно објавува фотки.
Како изгледа хрватскиот Кен: