Неверојатни жени кои се обидуваат да го направат светот подобро место за живеење
Мелинда Гејтс
Можеби ја знаете Мелинда само како сопруга на Бил Гејтс, но и таа е жена што сигурно ќе ве инспирира.
Преку фондацијата што ја основаа со Бил, Мелинда се бори за еднаквоста на правата на жените и се обидува да им помогне на најсиромашните. Истовремено, таа сака да ја зголеми моќта на жените во технолошкиот сектор.
„Какво страдање и да видиме, без разлика колку е лошо, можеме да им помогнеме на луѓето, ако не изгубиме надеж и ако не го тргнеме погледот“, има изјавено таа.
Рут Бадер Гинзбург
Рут беше американски правник и адвокат и жестоко се бореше за еднаквоста на жените. Таа е втората жена која успеала да стане судијка во Врховниот суд на САД, а се залагаше и за легализација на абортусот - Рут веруваше дека владата не треба да одлучува што ќе прават жените со нивното тело.
Минатата година таа ја доби наградата Berggruen за филозофија и култура, а паричната добивка од 1 милион долари ја донирала во непрофитна организација. Таа почина во септември 2020.
Халима Аден
Халима е модел и активист и беше првата натпреварувачка во Miss Minnesota која се појави со хиџаб. Истовремено, 22-годишната Халима е и првата жена која се појави со хиџаб во магазинот Sports Illustrated.
Халима сака да му покаже на светот дека нејзиниот хиџаб не ја менува како личност и тоа треба да го сфатат сите жени како неа.
„Важно ми е да бидам видена и да направам сè што можам за да им покажам на девојките дека не треба да се менуваат. Сакам да знаат дека светот ќе ги прифати такви какви што се“, има изјавено таа.
Д-р Амани Балур
Ако не сте слушнале а Амани, тогаш погледнете го документарецот The Cave. Овде ќе дознаете за нејзините храбри подвизи во Сирија – таа водела подземна болница и спасила многу животи.
Во едно интервју таа изјави дека мажите од нејзината држава постојано ѝ велеле дека треба или да седи дома, или да работи во нејзината клиника, но дека не можела да биде менаџер на болница.
„Сакам да им докажам дека жената може да го прави ова. Ја имам поддршка на сите жени бидејќи ако јас успеам, и тие ќе бидат поддржани. Ова ќе им покаже на мажите дека жените можат да успеат и ќе го направат тоа“.
Шерил Сандберг
Шерил работи за Facebook и таа сака ги инспирира жените од нејзината област, но и да им помогне да ги остварат нивните соништа.
Таа го започна движењето Lean In, чија цел е да создаде свет каде што луѓето, без разлика на полот, можат да ги следат нивните соништа. Шерил и редовно донира пари, а според некои пресметки, веќе има донирано над 250 милиони долари во разни организации.
Спирова С. | Црнобело