Неверојатни жени кои се обидуваат да го направат светот подобро место за живеење
Во поголемиот дел од историјата, гласот на жените бил нечуен. Тие речиси и да немале права и не можеле ни да помислат да ги следат своите соништа и желби.
Денес, за среќа, ситуацијата е подобра, но сè уште треба да направиме многу за да ја почувствуваме вистинската еднаквост. На голем број жени им е јасно ова, а дел од нив решиле да не седат така и да ги преземат нештата во свои раце.
Овие моќни жени се борат за еднакви права, но и се залагаат за другите проблеми со кои е соочено човештвото.
Погледнете кои се најинспиративните жени кои се обидуваат да го променат светот:
Грета Тунберг
Со нејзините 17 години, Грета сè уште е многу млада девојка, но веќе постигна многу, па дури беше номинирана и за Нобелова награда. Грета беше прогласена и за личност на годината во 2019-та од страна на TIME.
Младата активистка ја започна нејзината борба во 2018-та, кога почна да протестира пред шведскиот парламент за климатските промени. Нејзиниот подвиг стана инспирација за многу млади, па протестите против климатските промени се одржуваа ширум целиот свет.
Малала Јусафзаи
Малала од Пакистан има само една желба – и жените да имаат ист пристап до образование како и мажите. Нејзиниот татко водел женско училиште во селото на Малала, но Талибанците сметале дека жените не заслужуваат образование, па училиштето беше затворено.
Во 2012-та Малала беше и застрелана, но за среќа повредата не беше фатална.
Младата девојка основа непрофитна организација која им помага на девојчињата да се едуцираат, а во 2014-та освои Нобелова награда за мир за нејзиниот труд.
Меган Рапино
35-годишната Меган е позната фудбалерка од САД, но таа има направено многу повеќе од играње фудбал.
Меган сфатила со колкава дискриминација се соочуваат жените во спортот, па решила да направи нешто во врска со тоа. Жените спортисти неретко се платени многу помалку од мажите, а поради тоа Меган реши да ја суди Фудбалската федерација на САД.
„Не прифаќајте ништо помалку, барајте еднаквост, барајте повеќе и не прифаќајте глупави изговори“, изјави таа за нејзината борба.
Симон Бајлс
23-годишната Симон е гимнастичарка која има освоено повеќе златни медали од која било друга жена во нејзината област.
Во детството, Симон била дијагностицирана со нарушување на вниманието и концентрацијата. Сакајќи да ги инспирира сите кои се соочуваат со овој проблем, таа отворено зборува за нејзиното нарушување и се залага за оние кои се како неа.