Шрек во реалниот свет
Возрасни и деца низ целиот свет го обожаваат доброто зелено чудовиште Шрек, а голем дел од нив не знаат дека овој популарен лик е направен според...
...вистински човек – французинот Maurice Tillet.
Тој живеел во периодот од 1903 до 1954. Во својата 20-та година заболува од акромегалија, ретка болест која предизвикува неконтролирано растење на коските. Морис постојано бил исмеван заради својот специфичен изглед, па заминал во САД за да започне нов живот.
Во Америка станал професионален борач кој на сите мечеви бил најавуван како „наказата во рингот“, а со победата на Стив Кејси во 1944 година станува светски првак.
И покрај грубиот изглед и сила, Морис во суштина бил многу емотивен и наклонет кон образованието и уметноста. Зборувал неверојтно добро 14 јазици, одлично играл шах, пишувал песни, а живеел како пустински човек.
Вилиам Стејг, детски писател кој во 1990 година ја направил сликовницата Шрек, врз која приказна се направени планетарно успешните филмови, никогаш не потврдил дека инспирацијата ја пронашол токму во францускиот борач.