Ситуации во кои Хари го прекрши кралскиот протокол само затоа што е добра личност
Можеби нам ни се чини дека е одлично да се биде член на кралско семејство, но овие луѓе мораат да следат многу, многу правила.
Знаевте ли дека нив не им е дозволено ни да ја затворат вратата од автомобилот?
Сепак, некои членови на кралското семејство одвреме-навреме ги прекршуваат овие правила. Еден од нив е и Хари, а интересно е што тој ги прекршува правилата само затоа што е навистина добра личност.
Во 2019-та, за време на еден јавен настан, Хари излезе од автомобилот и сам си ја затвори врата од автомобилот. Како што напоменавме, тоа во кралското семејство треба да го направи некој друг наместо него.
И ова не е првпат Хари сам да ја затвори вратата.
Хари го прекрши кралскиот протокол и кога јавно ја покажуваше неговата љубов кон Меган. За време на турнејата во Африка, младиот пар се држеше за рака и одвреме-навреме си разменуваа нежности.
За време на кралската турнеја во Австралија Хари прекрши уште едно правило, кога се согласи да направи селфи со едно девојче. Хари и другите членови на семејството не смеат да го прават ова, но Хари направил исклучок.
Хари често волонтира во добротворни организации, а неодамна прегрна друг волонтер, кој минувал низ тежок период. Иако кралското семејство не смее да прегрнува луѓе, Хари ја прегрна жената. Всушност, Хари неколкупати го има прекршено ова правило.
Иако никогаш не се држел строго до протоколите, сигурно сега му е многу подобро кога веќе не е на должност и не мора да живее според правила.
Спирова С. | Црнобело