„Тежок“ живот: Кога имаш само 27 години и милиони на сметката
Има само 27 години, а веќе има постигното завиден успех на поле кариера, па тоа му дава за право да си се фали со луксузот во кој живее, иако многумина го осудуваат.
Зак Бејкер има 27 години, а со неговиот брат Адам живее на релација Јужна Африка, Дубаи и Лондон.
Тој има свој бизнис со недвижнини и милиони на сметката.
Во ноќ троши по илјадници долари, постојано патува низ светот со приватен џет за да ги гледа сите најголеми светски спортски случувања, вози ексклузивни автомобили и води живот од соништата.
Од егзотични патувања до дизајнерска облека, шопинг во Милано и Париз и шампањи, тој знае како да ги троши милионите.
Неговото мото е дека во животот треба да работиш напорно, но и да се забавуваш одлично.
Иако некои го критикуваат дека се фали со богатството на социјалните мрежи, тој си живее како што сака и дефинитивно заслужено.
Кога имаш 27 години и си водиш живот каков што ќе си посакаш:
С. С. | Црнобело