Атина постои 3.400 години - најстарите градови во светот кои се населени и денес
Сигурно барем еднаш сте посетиле некое археолошко наоѓалиште или некој древен град кој денес е во урнатини. Јасно е дека тие места се стари неколку векови, па дури и милениуми, и дека се напуштени долго време.
Но сте се запрашале ли кои се најстарите градови во светот што се населени и денес? Во некои градови се пронајдени остатоци уште од камено време и иако тогаш не биле градови, тоа значи дека нивната област е населена неколку илјади години.
Во продолжение дознајте за најстарите градови кои се населени и денес:
Варанаси, Индија
Светиот град Варанаси се наоѓа во Индија и има над 2.000 храмови.
Експертите веруваат дека е изграден пред 3.000-5.000 години, а градот се смета за духовниот центар на Индија.
Алепо, Сирија
Историчарите не се сигурни кога точно почнал да се населува Алепо. Малку се знае за почетоците на Алепо, најмногу биејќи стариот град беше уништен од војната.
Еден од најстарите храмови во градот датира уште од 3.000 година п.н.е., но Алепо веројатно е многу постар.
Кадис, Шпанија
Градот е основан во далечната 1.100 година п.н.е., а неговата географска локација го направила совршено место за истражување и трговија.
Бејрут, Либан
Археолозите ги открија вистинските почетоци на градот за време на ископување во 1990-тите. Тогаш тие сфатија дека главниот град на Либан е стар барем 5.000 години.
За жал, поголемиот дел од стариот град бил уништен во земјотрес, околу 551-ва година.
Теба, Грција
Теба се наоѓа во централна Грција, а низ историјата градот бил важна локација во многу грчки легенди и митови.
Градот е стар најмалку 1.000 години, а некогаш се сметал за поубав и од Атина.