Учете од грешките
Кога ќе ви се случи на работа нешто да згрешите, и покрај тоа што сте свесни дека тоа може да се поправи, ви пука главата од грижи кои сигурно...
...ќе ви го уништат остатокот од денот. Дали вам ви се слушува во слични ситуации да помисите....
Добро е направено, но не и совршено. Ако мислите дека вредите само поради своите дела, а не и поради тоа што сте грижливи, добри, ефикасни, постојано ќе се соочувате со препреки и поради тоа ќе сте несреќни и незадоволни. Заобиколете ја на кратко самокритичноста, ценете го вложеиот труд и запомнете - никој не е совршен.
Грешам затоа што работам сам и никој не ми помага. Самите вие сте одговорни за сопствените успеси и неуспеси. Ако ги обвинувате гругите, ќе бидете само поогорчени. Еден од првите знаци на зрелост е прифаќање на сопствените грешки.
Роден сум да губам. Во животот ништо не е само бело или само црно. Прифатете го тоа што сте го направиле и немојте поради тоа да се потценувате. Многу бргу ќе се појави нова прилика во која ќе можете да ги покажете своите квалитети.
Толку ми е непријатно. Едноставно не можете да се изборите со ситуацијата во која вие сте погрешиле. Иако тоа не е ништо страшно, вашиот мозок реагира како да сте направиле најголемо злодело.
Кога ќе се појави тоа чувство, побарајте спас во позитивнот начин на размислување: „Непријатно ми е поради тоа што го направив, но ќе се трудам тоа да не се повтори и ќе бидам подобар!“
Само на тој начин можете утре повторно да се соочите со тешки задачи, а учењето од грешките кои сте ги направиле, да ви помогне да бидете поефикасни во работата.