Секој втор автомобил е стар 15 години, дома шетаат со чевли - Колку сме слични со Србите?
Насекаде може да се најдат закачени некролози
Соопштенијата за „другиот свет“ може да се најдат насекаде, а служат како јавна покана на погреб или помен. Може да ги сретнете залепени до други реклами или во весници.
Секој втор автомобил е стар 10-15 години
Во Србија може да се најдат многу стари автомобили кои луѓето уште ги возат - некои се добро средени олдтајмери, а други се возат така од времето. Честопати купуваат возила на старо од поразиените земји. Многу често вградуваат уред за плин бидејќи така им е поисплатливо.
На мајсторите не им се плаќа само со пари
Освен што ќе им платите за услугата на поправката низ домот, мајсторите мора да ги почестите барем со кафе и благо за работата што ја завршиле. А, ако не ги понудите и со пиво, може да ве гледаат како недомаќин.
Речиси секое семејство има слава што се наследува од татко на деца
Семејствата го слават светецот кој ги штити, поставуваат богати трпези и во текот на денот доаѓаат непоканети фости. Сите се послужуваат со леб, вино и пченица.
M. M. | Црнобело