Прави храбри модни избори и зрачи со самоувереност – 59-годишната Ана е инспирација за сите жени (фото)
Работи како модел, обожава мода и храбри модни комбинации, се грижи за себе и ги инспирира другите жени да живеат како неа - Ана од Финска и на 59 години зрачи со самоувереност и сексапил.
Ана уште од мала обожавала мода, па кога видела дека и возрасни жени се појавуваат на реклами, решила да си ја проба среќата како модел пред неколку години.
Таа смета дека не треба само младите девојки да се ангажираат за маркетинг кампањи и дека треба да им се даде шанса на повозрасните и поискусните дами кои зрачат со самоувереност.
Што се однесува до модните избори, таа сака едноставност, но не се плаши и од храбри комбинации и силни бои, за разлика од повеќето на нејзина возраст кои се одлучуваат за неколку едноставни бои.
Сака да ја задржи грациозноста, но не се плаши ниту да ги покаже нејзините најдобри делови од телото и да ја истакне женственоста.
За да изгледа младолико и на 59 години, Ана вели дека најважна е негата за кожа, а открива и дека редовно користи колаген за да ја зголеми еластичноста на остарените делови од кожата. Што се однесува до шминката на овие години, се води по правилото „помалку е повеќе“, но речиси никаде не може да се види во издание без грам шминка.
„Повозрасните жени не треба да се ограничени од одредени норми“ – е мотото по кое Ана се води. Таа е мајка на две возрасни деца и среќна баба на едно внуче.
На социјалните мрежи таа гордо споделува фотки од нејзиниот изглед:
https://www.instagram.com/p/CBLsIKuFhTI/
https://www.instagram.com/p/CAup9byFNSf/
https://www.instagram.com/p/CArstLnFtGw/
https://www.instagram.com/p/CAaskOgFr0v/
https://www.instagram.com/p/B-IYVJIl31O/
https://www.instagram.com/p/B99COfKFaFP/