Правила до кои треба да се придржуваат жените над 40 за да ги шармираат мажите
Стандардите за убавина и привлечност се менуваат како што поминуваат годините, па така на зрелите мажи не може да им биде привлечно нешто што сте го правеле пред 20 години.
Жените по 40-тата година треба да покажат стабилност, независност, отменост, а не да бидат „лесни“, да се облекуваат како пред 20 години и да не знаат што сакаат од животот.
Наместо да се обидувате да се правите помлади, прифатете ги своите години и однесувајте се достојно на нив, независно дали сте во 40-ите, 50-ите или 60-ите години.
Доколку сте сингл и сакате да го најдете вашиот животен партнер по 40-тата, придржувајте се до следните правила:
Грижете се за себе
Не да се претворите во восочна фигура со пластични операции. Научете да се грижите за себе на природен начин. Да бидете едноставни, а привлечни. Негувајте ја кожата, хранете се здраво, одржувајте се во форма.
Наместо секојпат да купувате различен парфем што ќе најдете на попуст, најдете го оној кој најдобро ви одговара и ќе биде ваш заштитен знак.
Престанете да се срамите
Жена на овие години не може да си дозволи срамежливост. Имате поминато низ многу работи, сте собрале доволно искуство и време е да го покажете тоа на дело, наместо да се криете. Сега знаете што сакате и во што уживате – правете го тоа.
Истакнете ги вашите таленти
До оваа возраст, веќе треба да имате достигнато важни работи. Секако дека никогаш не е доцна за нови вештини и достигнувања и уште подобро ако целите кон тоа. Секогаш покажувајте ги вашите таленти, користете ги паметно, пофалете се со вашата професија и бидете најдобри во тоа.
Користете грациозен говор на тело
Не се срамете да се дотерате, но на културен начин кој доликува на годините. Не се срамете да флертувате, да гледате со заводнички поглед и насмевка. Користете го вашиот шарм за да го освоите посилниот пол. Но правете го тоа грациозно.
М. М. | Црнобело