7 психолошки причини зошто некои личности ви изгледаат попривлечно од другите
Начин на исхрана
Изгледа дека и начинот на исхрана има влијание врз привлечноста.
Храната што ја јадеме има влијание врз мирисот на нашето тело. Па, наводно, за жените е попривлечен мирисот на маж кој неодамна јадел овошје и зеленчук, за разлика од маж кој најчесто јаде нездрава храна.
Глас
Според истражувањата, жените го поврзуваат длабокиот машки глас со зрелост, па затоа им е попривлечен.
Мирис
Како жените, и мажите потсвесно одредуваат дали некоја жена им е привлечна според нејзиниот мирис. Но, овојпат станува збор за мирисот „предизвикан“ од репродуктивните хормони.
Едно истражување покажало дека за мажите, жените се најпривлечни кога се во фаза на овулација, околу 15-тиот ден од менструалниот циклус. Ова има логика бидејќи кога е во овулација, жената е најплодна.
Сепак, овие „правила“ не важат за сите и се само резултат на неколку истражувања, кои најмногу се фокусираат на физичкиот изглед. Ова се карактеристики кои можеби имаат влијание врз првиот впечаток, но луѓето се комплексни суштества и за вистинска привлечност важни се и многу други фактори, како карактер, заеднички интереси и слично.
Спирова С. | Црнобело