3Д портрети од штрафови
Со помош на илјадници штрафови триесет годишниот Ендрју Маерс, уметник од Калифорнија, изработува неверојатни портрети. Младиот уметник тврди...
...дека идејата ја добил кога работел во црква пред неколку години.
„Изработував бронзени релјефи со приказ на животот на еден светец. Во тој момент ми светна идејата да направам нешто сосема невообичаено. Отсекогаш сакав да работам со штрафови и 6 месеци подоцна го изработив својот прв портрет.“
Некои од портретите се високи и до еден и пол метар.
Иако успеал да продаде 5 дела за околу 5.500 фунти, овој креативен уметник тврди дека оваа цифра и не е толку висока иако трошоците изгледаат занемарливи.
Штрафовите се ефтини ако треба да закачите една слика, но ако треба да купите десетина илјади парчиња, тоа е веќе трошок.