10 знаци дека сте човек кој премногу размислува
Понекогаш, луѓето се лажат дека ако премногу размислувате однапред, ќе спречат да направат некаква грешка или лош избор, без да разберат дека претераното размислување непотребно им ја црпи силата и волјата.
Дали и вие спаѓате во групата на луѓе кои претерано размислуваат?
Ако се препознаете барем во 6 од следните 10 реченици, одговорот е да:
1. Често ги преживувате повторно најнепријатните и засрамувачки моменти во животот.
2. Имате проблеми со сонот затоа што не можете да го исклучите мозокот.
3. Си поставувате многу „што ако...“ прашања.
4. Поминувате многу време размислувајќи ги сите можни сценарија кои може да се случат.
5. Ги анализирате и повторувате разговорите со луѓето и размислувате што можевте да кажете подобро, а што да премолчите.
6. Константно се потсетувате на грешките во животот.
7. Кога некој ќе направи или каже нешто што нема да ви се допадне, постојано се сеќавате на тој момент.
8. Понекогаш се губите од сегашноста, размислувајќи на минатото, но и на тоа што може да се случи во иднина.
9. Премногу се грижите за работи кои не можете да ги контролирате.
10. Општо, премногу се грижите дека работите ќе тргнат наопаку.
М. Д. | Црнобело