Пејзажи на голи женски тела
Уметникот Алан Тегер (68) користи голи модели кои ги прекрива со минијатурни фигури со цел да создаде интересни илузии. Проектот Bodyscapes...
...(комбинација од англиските зборови за тело – body и пејзаж – landscape) е осмислен како провокација на човековата перцепција со цел да покаже дека истовремено може да постојат повеќе реалности.
Секојдневните ситуации Тегер ги претставува на сосема друга платформа и користи разни ликови – од спортисти и случајни минувачи, па се до каубои, музичари, животни.
Тегер дошол до оваа идеја како предавач по психологија на Универзитетот во Пенсилванија.
„Мојата намера беше да создадам слики кои на прв поглед ќе се доживеат како пејзажи, за дури потоа да се открие дека станува збор за голи тела.“
Неговите дела се навистина фасцинантни. Уживајте во неколку негови слики: