Преслатко бебе со Даунов синдром стана модел (фото)
„Емет се смее многу и на секој што ќе го види. Тој го буди најдоброто во луѓето, сите ми велат дека е пресладок. Горда сум што сум негова мајка“, вели Сара.
Емет Лори од Калифорнија е бебе со Даунов синдром што стана модел и го освои светот.
Емет стана познат благодариение на неговата мајка Сара (29) која одлучи да отвори Инстаграм профил на кој отворено говори за тоа како е да се биде родител на детенце со Даунов синдром.
Таа смета дека со тоа што Емет е модел за многу модни брендови за детска облека ќе испрати моќна порака и ќе се зголеми прифаќањето на дечињата со Даунов синдром.
За дијагнозата Сара дознала кога била во 13-тиот месец од бременоста.
„Како родител сакам да го научам општеството дека треба да ги прифаќа децата како Емет поради тоа што се и кои се, а не како деца со попреченост. Треба да се урнат предрасудите.“, вели Сара.
Запознајте го преслаткиот Емет:
С. С. | Црнобело