Докази дека луѓето премалку се грижат за природата и светот околу себе

„Консумеризмот“ ни стана религија

Една анкета спроведена во Европа и Азија покажала дека сите купуваме многу повеќе облека отколку што ни е потребно, а со тоа се зголемува и побарувачката за материјали.

Проблемот е што за изработка на овие материјали, како памук, се користат многу ресурси, а ова има лошо влијание врз околината.

Всушност, сите претеруваме со купување секакви работи, кои воопшто не ни се потребни.

raboti-shto-dokazhuvaat-deka-voopshto-ne-se-grizhime-za-nas-i-nashata-planeta-07.jpg

„Залепени“ сме за екраните

Можеби воопшто не забележуваме, но минуваме премногу време пред компјутер или телевизор. Едно истражување покажало дека во просек, луѓето гледаат 1.248 часа телевизија годишно. Сега помислете што сè друго (и корисно) би можеле да направите во тие 1.248 часа, кои за време на пандемијата сигурно се зголемија на многу повеќе.

raboti-shto-dokazhuvaat-deka-voopshto-ne-se-grizhime-za-nas-i-nashata-planeta-08.jpg

Социјалните мрежи ни ја рушат самодовербата

Социјалните мрежи ги користиме уште почесто од телевизорите – во просек, минуваме околу 55.000 часа годишно „скролајќи“ на Instagram, Facebook и слично.

Проблемот е што додека го правиме тоа, постојано се споредуваме и си наметнуваме невозможни и нереални стандарди за тоа како треба да изгледаме.

Поислете колку паметни работи можевте да изгледате и прочитате во овој период додека бевте дома, наместо скролањето и гледањето фотки од други.

raboti-shto-dokazhuvaat-deka-voopshto-ne-se-grizhime-za-nas-i-nashata-planeta-09.jpg

Потребни ни се речиси две планети за да ги задоволиме нашите сегашни потреби

Планетата има ограничени ресурси, на кои им треба време да се обноват, но ние воопшто не ги распределуваме правилно.

На пример, во 2019-та сме ги искористиле сите ресурси за таа година уште во јули. Ова значи дека за да се задоволат нашите сегашни потреби, ќе ни требаат речиси две планети.

raboti-shto-dokazhuvaat-deka-voopshto-ne-se-grizhime-za-nas-i-nashata-planeta-10.jpg

Сè повеќе животни ги губат своите домови

Кога ја уништуваме околината, ги уништуваме и домовите на животните. Поради глобалното затоплување, вечниот мраз на половите се топи, па многу поларни мечки остануваат без дом и храна.

Ова се случува ширум целиот свет, а страдаат огромен број животни.

raboti-shto-dokazhuvaat-deka-voopshto-ne-se-grizhime-za-nas-i-nashata-planeta-11.jpg

Кои се добрите вести во целава ситуација и што можете да преземете вие?

- Добрите вести се тоа што научниците наоѓаат нови начини да го искористат пластичниот отпад, но и луѓето почнуваат да внимаваат колку пластика користат и фрлаат.

- Во изминативе 20 години, многу модни куќи ја забранија употребата на природно крзно, а сè повеќе луѓе одбиваат да го купуваат.

- Кога станува збор за загадувањето на воздухот, ќе придонесете многу ако почесто користите велосипед отколку автомобил.

- Ако имате облека што не ја носите, подобро подарете ја, продадете ја и слично, наместо да ја фрлате.

- Факт е дека нема да се откажеме од компјутерите и смартфоните, но добро е што можеме да ги користиме и продуктивно за да научиме нешто, да развиеме некоја вештина и слично.

- Социјалните мрежи почнуваат да се користат и за добри нешта – луѓето од целиот свет со заедничка цел или идеја, сега имаат можност да се обединат и да направат промена.

- Кога станува збор за ресурсите на Земјата, обидете се да заборавите на импулсивното купување. На овој начин ќе заштедите многу, нема да трупате непотребни предмети и ќе ѝ помогнете на планетата.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg