Докази дека луѓето премалку се грижат за природата и светот околу себе

Факт е дека сè помалку се грижиме за нашата околина. Проблемот е што речиси никогаш не помислуваме на ова, па неретко луѓето не се ни свесни за штетата што ја предизвикуваат.

dokazi-deka-lugjeto-premalku-se-grizhat-za-okolinata-01.jpg

Не залудно рекле дека имаме само една планета и мораме да промениме многу навики ако сакаме да ја зачуваме, но треба да сме свесни за сите случувања околу нас во животот.

Во продолжение погледнете со кои работи најмногу штетиме и што докажува дека недоволно се грижиме за светот околу нас:

Луѓето имаат преголемо влијание врз околината

Проблемот со отпадот кој не се разградува станува сè посериозен. Пластичните кеси и шишиња не се разградуваат со децении, но тоа многумина не спречува да фрлаат стотици тони пластика секоја година.

raboti-shto-dokazhuvaat-deka-voopshto-ne-se-grizhime-za-nas-i-nashata-planeta-02.jpg

Ги злоупотребуваме животните

И покрај тоа што денес има вештачко или лажно крзно, луѓето сè уште убиваат животни само за мода.

raboti-shto-dokazhuvaat-deka-voopshto-ne-se-grizhime-za-nas-i-nashata-planeta-03.jpg

Несовесните фабрики со несоодветна заштита и автомобилите го загадуваат воздухот

Загадувањето на воздухот не ни е непознат проблем, автомобилите и индустријата се најголемите виновници за загадувањето на воздухот, а според СЗО, штетните издувни гасови можат да се поврзат со секакви белодробни заболувања, вклучувајќи и рак на белите дробови.

Колку време ќе ни треба за да почнеме да бидеме еко-свесни и сите да се преориентираат на велосипеди наместо автомобили за секое излегување од дома?

raboti-shto-dokazhuvaat-deka-voopshto-ne-se-grizhime-za-nas-i-nashata-planeta-04.jpg

Нашата алчност стигна и до длабочината на океаните

Поради новите технологии за риболов, се експлоатира сè голема површина од длабочината на морињата и океаните.

Истовремено, во океаните завршува секаков отпад – од пластика до нафта, што дополнително го оштетува еко-системот.

raboti-shto-dokazhuvaat-deka-voopshto-ne-se-grizhime-za-nas-i-nashata-planeta-05.jpg

Една фотографија ја сумира нееднаквоста во светот

Иако е 21-ви век и за многумина има храна во изобилство, во светот сè уште постојат луѓе кои гладуваат и живеат во екстремна сиромаштија.

Според некои пресметки, се претпоставува дека околу 150 милиони луѓе ширум светот се бездомници, а ова воопшто не е мал број.

raboti-shto-dokazhuvaat-deka-voopshto-ne-se-grizhime-za-nas-i-nashata-planeta-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg