Каква боја имаат огледалата? - Одговори на прашања кои сигурно сте си ги поставиле

Зошто мрзливците се бавни?

Исхраната на мрзливците воглавно се состои од лисја кои имаат многу мала хранлива вредност. Нивниот метаболизам е бавен, а ова им овозможува да истрошат помалку калории и да ја зачуваат енергијата.

kakva-boja-imaat-ogledalata-odgovori-na-prashanja-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-07.jpg

Зошто лепилото не се лепи на шишенцето

Лепилото е колку-толку течно, а станува лепливо само кога ќе го извадите од шишенцето и ќе го нанесете на нешто.

Кога лепилото ќе се изложи на надворешниот воздух, молекулите вода во него испаруваат, па тоа се стврднува. На крај, единственото нешто што останува се „лепливите“ молекули. Се разбира, постојат разни видови лепила, но ова правило важи за повеќето.

kakva-boja-imaat-ogledalata-odgovori-na-prashanja-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-08.jpg

Зошто венчаниците се бели?

Белите венчаници се носат во речиси секоја држава, но ова не било отсекогаш вака.

Обично невестите купувале фустан што можат да го износат уште еднаш, а белите фустани не се многу практични за ова. Сè до венчавката на кралицата Викторија во 1840-та.

Се верува дека бидејќи таа носела бел фустан на нејзината свадба, трендот брзо се прославил, па останал и до денес. На почетокот само богатите можеле да си дозволат бела венчаница, а „обичните“ луѓе почнале да ја купуваат околу 1950-тите.

kakva-boja-imaat-ogledalata-odgovori-na-prashanja-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-09.jpg

Зошто сокот од портокал има ужасен вкус после миење заби?

Сокот од портокал е одличен за почеток на денот, но сигурно сте забележале дека има ужасен вкус ако го пиете веднаш по миењето заби. Причината за ова е пастата за заби, која има привремено влијание врз нашето сетило за вкус.

Наводно, пастата за заби ги истакнува горчливите вкусови, а го „затапува“ сетилото за слатко, па повеќе ја чувствувате горчината на сокот од портокал.

kakva-boja-imaat-ogledalata-odgovori-na-prashanja-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-10.jpg

Зошто ни се потат дланките кога сме нервозни?

Зарем има нешто полошо од испотени дланки кога сте пред некој важен настан?

Потењето под стрес потекнува од возбуда на нервниот систем. Телото почнува да лачи адреналин, со цел да нè подготви за она што следува.

Овие хормони го забрзуваат чукањето на срцето, но ги активираат и потните жлезди, а бидејќи на дланките се многубројни, веднаш го чувствувате потењето.

kakva-boja-imaat-ogledalata-odgovori-na-prashanja-shto-sigurno-si-gi-imate-postaveno-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg