Неуспешни обиди за разубавување во карантин - најсмешни фотки
Карантинот нè натера сите да станеме свои фризери, козметичари и што уште не. Но, не залудно овие работи им ги препуштаме на професионалците.
Додека можеби е лесно самите да се лакирате, ако немате никакво искуство, тешко дека ќе успеете да си направите маникир со гел или акрил.
Иако многу девојки можат сами да си ја офарбаат косата, стрижењето сè уште е непозната територија за многумина.
Сепак, кога сме во ваква состојба мораме да се снајдеме, па многу луѓе се осмелуваат сами да си ја потстрижат косата, сами да ги отстранат несаканите влакна, па и сами да си направат гелни нокти.
Додека некои успеваат во овие подвизи, поголемиот дел се неуспешни, а резултатите се навистина смешни.
Дали и вие ги „осакативте“ ноктите и фризурата со домашни третмани за убавина?
Во продолжение погледнете ги најсмешните неуспешни обиди за разубавување во карантин:
Спирова С. | Црнобело