„Породилното отсуство не е одмор“ - Жените споделуваат кои „женски“ стереотипи ги мразат најмногу
Секој човек, без разлика дали е маж или жена, е уникатен и посебен на свој начин. НО, ние луѓето настојуваме сите да ги ставаме во ист кош, а поради тоа постојат безброј стереотипи.
Овојпат ќе се фокусираме на стереотипите со кои се соочуваат жените.
Иако најчесто овие работи се кажуваат на шега, за повеќето жени овие стереотипи не се воопшто забавни.
Во продолжение погледнете кои се „женските“ стереотипи кои жените од Reddit не можат да ги поднесат:
„Секогаш кога повраќам или кога ми се лоши, првото нешто што ме прашуваат е дали сум бремена. Зарем жените не можат да се чувствуваат лошо без да бидат бремени?“
„Сите жени сакаат шопинг. Јас МРАЗАМ да одам во шопинг.“
„Ми пречи што луѓето мислат дека сите жени сме исти и дека сите сакаме исти нешта.“
„Не ми се допаѓаат стереотипите за менструацијата. На пример, ако сум гневна, веднаш сите помислуваат дека е поради менструацијата.“
„Стереотипот што не можам да го поднесам е мислењето дека жените никогаш не се согласуваат една со друга.“
„Не сите жени сакаат само романтични комедии. Еднаш ми рекоа дека сум имала ’машка‘ колекција филмови.“
„Мислењето дека додека сме девојчиња, сите сонуваме за нашата венчавка. Не сите жени сакаат да се венчаат, ниту пак уживаат кога присуствуваат на венчавки.“
„Мислењето дека не сакам некоја друга жена само затоа што сум љубоморна.“